Повисоки пензии или оставки, пензионери од цела Македонија со транспаренти дојдоа пред Владата
Пензионери од цела Македонија денеска во голем број дојдоа пред Владата со барање за повисоки плати. Од еден број на транспаренти се порачува дека ако нивните барања не бидат реализирани дека ќе бараат оставка од премиерот и министерката за труд и социјална политика. За 3.500 денари линеарно покачување на сите пензии, а најниската да не биде помала од 18 илјади денари, или оставка на Владата, бараат пензионерите.