Свет

Повеќе стотици илјади луѓе протестираа во Истанбул поради апсењето на Имамоглу 

Повеќе стотици луѓе протестираа денес во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Демонстрантите носеа турски знамиња и транспаренти на азиската страна на градот на собирот наречен „Слобода за Имамоглу“. Во тој дел од градот се распоредени значителни полициски сили.

На собирот беше прочитано писмо од Имамоглу, пренесуваат агенциите.

„Немам страв, вие сте зад мене и со мене. Немам страв бидејќи нацијата е обединета. Нацијата е обединета против репресорот“, наведе тој во писмото.

„Можат да ме бутнат во затвор и да ми судат колку што сакаат, нацијата покажа дека ќе ги разбие сите замки и сплетки“, додава во писмото.

Стотици илјади луѓе низ Турција се одзваа на демонстрациите на кои повика опозицијата откако Имамоглу беше приведен минатата недела, за обвиненија за корупција.

Протестите главно беа мирни, но приведени се речиси 1.200 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons