МакедонијаНајново

Повеќе од 16 илјади граѓани ја напуштиле државата изминатово деноноќие

Продолжениот викенд по повод празникот Велигден го зголеми метежот на граничните премини во земјава, а најголем метеж е забележан на премините Богородица и Табановце, каде во изминатите 24 часа поминале повеќе од 16 илјади патници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според податоците од МВР, на граничниот премин Богородица, во периодот од четвртокот напладне до денеска напладне, од државата изглегле 6.864 македонски државјани, додека влез во државата имале 1.394 луѓе. Во истиот период, 4.753 странски државјани влегле, а 5.070 ја напуштиле земјата.

Огромен број патници се регистрирани и на преминот Табановце, каде излез од државата оствариле 9.150 македонски државјани, додека влез имале 3.158. Според МВР, странските државјани кои влегле во земјата биле 7.360, а ја напуштиле 5.449 лица.

На граничниот премин Дојран, 546 македонски државјани ја напуштиле државата, додека 241 влегле. Во истиот период, 1.212 странски државјани влегле, а 1.114 ја напуштиле земјата.

На Меџитлија, пак, 832 македонски државјани излегле од државата, додека 129 влегле. Во однос на странските државјани, 3.347 влегле, а 3.038 ја напуштиле земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons