Победа со пресврт на Ѓорческа против четвртата носителка Папамихаил од Грција
Голема победа оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа во мечот од првото коло на турнирот што се игра Куршумлијска Бања, Србија за награден фонд од 60.000 долари. Таа ја совлада четвртата носителка Деспина Папамиахил од Грција со 2-1 во сетови (3:6; 6:1; 6:2) за 1 час и 50 минути игра.

Папамихаил подобро го почна мечот и по водството од 4:1 во гемови го доби првиот сет со 6:3 за водство од 1-0. Но, во продолжението на мечот Ѓорческа на противничката и препушти само три гема во двата сет и со пресврт стигна до победата од 2-1 во сетови.
Во вториот сет по 1:1 во гемови македонската тенисерка направи серија од 5-0 за да го освои сетот со 6:1, додека во решавачкиот сет Ѓорческа ја продолжи серијата со уште два гема и поведе со 2:0, но ривалката изедначи на 2:2. Сепак Ѓорческа со уште една серија од четири гема го доби сетот со 6:2.
Во следното коло (второ) македонската тенисерка ќе игра против Дарја Астахова, која ја совлада пред една недела.