Македонија

Пешаците на врвот на листата на прекршоци во сообраќајот

Во текот на вчерашниот ден (11.03.), полициските службеници во рамки на сообраќајните контроли низ земјата изрекоа вкупно 827 платни налози. По подолг период, прекршоците поврзани со неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење не беа на врвот на статистиката. Наместо тоа, најголем број санкции – 209, беа изречени за прекршоци сторени од пешаците.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 203 случаи на неправилно паркирање и 52 прекршоци поврзани со надминување на дозволената брзина. Исто така, забележано е зголемување на прекршоците поврзани со неносење сигурносен појас, со регистрирани 82 санкции. Казнети беа и 13 учесници во сообраќајот поради неносење заштитен шлем, како и 35 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

Покрај тоа, полицијата вчера санкционираше пет возачи кои поминале на црвено светло, шестмина кои управувале возило под дејство на алкохол, како и 69 лица кои возеле без возачка дозвола. Согласно Законот за возила, 10 возила беа исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, додека 16 возила беа отстранети од сообраќај бидејќи не поседувале валидна регистрација.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, а надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат до правилата со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons