Свет

Печатите во пасошите заминуваат во историјата – како ќе функционира новиот систем за патување во ЕУ?

Земјите членки на ЕУ денеска на состанокот на министрите за внатрешни работи го договорија својот став за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС), врз основа на која ќе се водат преговори со Европскиот парламент за конечниот текст во законот. 

ЕЕС е заеднички електронски систем кој ќе ги собира информациите за датумот, времето и местото на влез и излез на граѓаните кои не се дел од земји членки на ЕУ, кои ги преминуваат границите на ЕУ. Тоа значи дека печатите во пасошите заминуваат во историјата. 

Системот ЕЕС автоматски ќе го пресмета времетраењето на овластениот престој на овие државјани на трети земји и ќе издаде предупредувања до земјите-членки на ЕУ за истекот на периодот на овластен престој. ЕЕС беше планирано да се имплементира во ноември минатата година, но беше одложено бидејќи не сите земји беа подготвени за имплементација. Затоа, Комисијата предложи постепено да се започне со имплементација на системот.

Според договорениот став на Советот, земјите-членки треба постепено да го спроведуваат EES и да обезбедат најмалку 10 проценти од премините да се регистрираат во првиот месец.

Во првите два месеци, земјите-членки можеа да го применат системот без да користат биометриски податоци, а по три месеци ЕЕС треба да се применува со биометриски податоци на најмалку 50 проценти од граничните премини.

Целосната имплементација на системот, односно регистрацијата на сите патнички премини, треба да се случи до крајот на периодот на транзиција. Во преодниот период ќе продолжи печатењето на пасошите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons