ПЕТ ЛИЦА ПРИЈАВЕНИ ЗА ИСЧЕЗНАТИ ВО ТЕКОТ НА ВЧЕРАШНИОТ ДЕН – Се бараат дете, тинејџери и повозрасен велешанец
Во текот на вчерашниот ден дури пет лица се пријавени за исчезнати. Станува збор за штитеници на Јавна установа од Скопје, но и за повозрасно лице од Велес и тинејџерка од Радовиш.
Имено, како што се наведува во билтенот на Министерството за внатрешни работи, три деца на возраст од девет, петнаесет и шеснаесет години исчезнале од Јавната установа за згрижување на деца од нивата Оперативна единица Влае 3.
– На 19.05.2023 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од Оперативната единица Влае 3 се оддалечиле нивните штитеници И.А.(9), Р.Н.(16) и М.К.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата – наведува МВР во билтенот.
Во Велес пак, исчезнато е повозрасно лице, чиј син го пријавил во полииската станица.
– На 19.05.2023 во 18.30 часот во СВР Велес, Р.Ц.(46) од Велес пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко П.Ц.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – стои во билтенот.
И една тинејџерка од Радовиш го напуштила домот, и по неа се трага. Пријава во полициската станица поднел нејзиниот татко Н.В. (42).
– На 19.05.2023 во 23.50 часот во Полициската станица Радовиш, Н.В (42) од Радовиш пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.В (16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – се додава во билтенот.