МакедонијаНајново

Пет жени за 24 часа пријавиле дека биле малтретирани од сопрузите

Лишени од слобода во последните 24 часа се четворица граѓани, а поднесени се седум пријави во Куманово, Тетово, Скопје и во Кичево, информира МВР.

„На 03.04.2026 во 10:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М. (32) од кумановско поради тоа што подолг временски период физички ја малтретирал неговата сопруга и и се заканувал. На 03.04.2026 во 21:26 часот во СВР Тетово 31 годишна жена од Тетово пријави дека во нивната семејна куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.(31). И.М. е лишен од слобода и задржан во полициска станица“, се наведува во полицискиот билтен.

Синоќа во 23 часот во СВР Тетово, 23 годишна жена од Тетово пријавила дека во семејниот дом била психички и физички вознемирувана од нејзиниот невенчан сопруг.

„На 03.04.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(38) од Скопје поради тоа што во домот на неговата 57-годишна партнерка на подрачјето на Центар агресивно се однесувал кон неа и нејзината мајка. На 03.04.2026 околу 07 часот во СВР Скопје малолетник пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари во домот каде престојувал бил физички нападнат од Р.Н. кој бил негов згрижувач преку ЈУ МЦСР Скопје“, информира МВР.

Денеска во 02:45 часот по полноќ во Кичево, полициски службеници го привеле 44-годишниот кичевец Е.Б.(44) затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons