Петрушевски: ЈО да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг
Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич.
Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма.
Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија со фирмата на Заев која наплатила 9 милиони евра за ископ на јаглен во Грција од фирмата која го продавала на ЕСМ.
Фирмата која го продавала јагленот на ЕСМ е фирмата која му го купи луксузниот џип ауди Q8 на Венко Филипче.
Овој криминален круг, Заев, Филипче, Зобек мининг мора да биде растурен.
Очекуваме ЈО да отвори постапка. Премногу очигледни и на тацна се сите давања и земања, и многу лесно се гледа политичкото влијание. А наградата, џипот за Филипче е крунски доказ, од каде почнува се.
ЈО да не молчи. Постапка веднаш. Во спротива ќе се испостави дека се само заштитници на криминалците од СДС.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=M-wM3mr62fE
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ