Петрушевски: Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот Мицкоски, а со цел задржување на СДС на власт
Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот Мицкоски, а со цел задржување на СДС на власт.
5 години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран.
СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка.
Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени.
И сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла.
Целиот систем на СДС е демаскиран. Злоупотребенисе АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките.
Не е чудо, што народот има 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници на СДС наместо да работат во служба на граѓаните.
За прислушкувањето и следењето мора да има одговорност. Овој случај не смее да помине неказнет, за никогаш повеќе да не се повтори.
Линк од видео материјал: