МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер  и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија? 

Венко Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер  и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија?

Венко Филипче да не молчи и да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали кои неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ја злоупотребува својата положба во ЕУ и не блокира.

Венко Филипче и СДС да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер? И дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во Македонија?

Дали ова е дарот кој Заев го дал во замена за поддршка од Бугарија за СДС сега и во иднини? Логистички, финансиски и во секоја смисла?

Дали тој поранешен премиер на Бугарија со кој Заев е во контакт стои зад кампањата на СДС? 

Венко Филипче е алатка во планот на Заев. Неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на планот на Зоран Заев за потчинување на државата во однос на Бугарија.

И Венко Филипче и Зоран Заев се фатени на дело. Се е јавно и јасно. Планот нема да им успее, народот ќе го казни на избори.


Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=6fuuVtkajxU

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons