Петрушевски: Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба
Секогаш кога СДС е на власт, државните позиции се на продажба.
Првин Заев, потоа Ковачевски, а сега и Филипче, го распродаваат националниот идентитет, како на пазар.
СДС секогаш гледа на националните интереси како на средство преку кое доаѓаат на власт.
СДС сменија име, знаме, Устав. И секогаш пред да го направат предавството се колнеа дека нема да го направат тоа.
По патот на Заев и Ковачевски, сега оди и ова СДС со Филипче, кој од сред Атина ја кодошеше Македонија.
Мотивите на Филипче се јасни. Тој не сака Македонија да оди во ЕУ, туку Филипче сака на патот кон ЕУ да ги распродава националните интереси за да краде.
ВМРО-ДПМНЕ се бори Македонија да влезе во ЕУ, по критериуми кои важеле за сите и критериуми кои се демократска вредност.
Филипче не се однесува како одговорен политичар, туку бара само начин како да дојде до позиција повторно да може да мести тендери.
Шемата која ја видовме со Зобек мининг е само почеток за Филипче, доколку тој некогаш би имал власт.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ