Петрушевски: СДС и Филипче без извинување за дезинформациите за мигрантите, продолжуваат со истата реторика
И покрај демантите и јасните факти, СДС и Филипче наместо да се извинат за невистините што ги пласираа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, продолжуваат со истата реторика и обвинувања.
Дури и по реакцијата и демантот од британскиот амбасадор во врска со наводите за мигрантски кампови во Македонија, СДС останува на истите позиции, повторувајќи ги истите тврдења како да очекува дека со нивното постојано повторување тие ќе станат вистина.
Во меѓувреме, од СДС се обидуваат да ги убедат граѓаните дека никогаш не зборувале за мигрантски кампови, иако токму тие претходно тврдеа дека Македонија се претвора во голем мигрантски камп и црна точка на Европа. И за ова извинување нема.
Почитувани,
Наместо одговорност и извинување за неточните информации, јавноста повторно е сведок на манипулации и политичка деструкција.
Очигледно е дека ваквиот пристап не им носи резултати, поради тоа што СДС денес е третопласирана партија со околу 130.000 освоени гласови.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



