Петрушевски: СДС – безрбетна покажа дека знае само да мести тендери и да ја продава државата, затоа сега бега од темата Груби бидејќи не знае каде и во што се шурувале заедно
Времето покажува дека на СДС – безрбетна најдобро и оди кога нешто треба да се продава, распродава, и да се мести. И тоа е така без разлика дали тоа е местење на тендери или продавање на државата.
СДС – безрбетна наместо да поздрави чин на справување со незконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата, тие се занимаваат со приказни.
Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале.
Оттука, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни за театар, циркузи, а бегаат од суштината на приказната борба со корупцијата.
Но, вистината е една.
Професионална, координирана активност на надлежните служби за да се фати бегалец од правдата покажува на дело дека сега борбата со корупцијата и криминалот е решителна.
А, СДС – безрбетна како сака нека нарекува и што сака нека збори. За нив од досегашната пракса може да се извлече еден заклучок, а тоа е дека „она што го зборуваат за другите, најмногу зборува за нив самите“.
За ВМРО-ДПМНЕ, за што говорат и секојдневните активности, клучна е борбата со корупцијата и криминалот и поставувањето на здрави темели на начелото на владеење на правото.
Ви благодарам.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



