Петрушевски: На управителот на бугарски фирми, во слободно време претседател на СДС, Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија
На управителот на бугарски фирми, во слободно време претседател на СДС, Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија.
Управителот на бугарски фирми во слободно време претседател на СДС Филипче и ден денес, 1 година откако е лидер на опозицијата сè уште е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост.
Венко Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр.12, адреса која ја дели со многу фирми на Заеви.
Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност.
Венко Филипче, управителот на бугарска фирма во слободно време претседател на СДС да каже што точно работи со фирмата и кои се неговите интереси во Македонија и Бугарија, но и во други држави од соседството и Персискиот залив.
Мораме да потенцираме дека статусот на фирмата е активен, а тоа лесно може да се види по електронските регистри кои дозволуваат слободен пристап до информации за фирми.
Венко Филипче нема простор да бега од одговори, туку веднаш да каже. Дали е претседател на СДС за лесно да му врват работите во бизнисот со Бугарија, или е во бизнисот во Бугарија за полесно да му одиуправувањето со СДС.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ