МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?

Кадрите на СДС и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина, фатени во криминал тежок неколку милиони евра.

СДС и ДУИ се однесуваа кон институциите како да се нивна приватна фирма. Тендер вреден 8 милиони евра завршил во фирма договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДС.

Откако го договориле тендерот, потоа директорот заедно со уште 32 лица, испрале 2 милиони евра, пари на граѓаните.

Дека во ЕСМ снабдување со топлина се правело што сакале СДС и ДУИ, ја потсетуваме јавноста дека во Надзорниот Одбор беше и ќерката на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

СДС и ДУИ да не молчат, туку да одговорат каде завршиле овие испрани 2 милиони евра? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? Дали парите завршиле на Мала Речица или Бихачка? И зошто и СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од случајот?

Јавноста заслужува одговори, а ЈО да си ја врши работата независно и одговорно.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=7jUuLCsQ1fchttps://www.youtube.com/watch?v=7jUuLCsQ1fc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons