Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја, ЕСМ наскоро ќе биде вратено во нормала
Криминалното и недомаќинско работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја за граѓаните 7 години по ред, и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес.
Ако во 2017 година кога ЕСМ го раководеше премиерот Христијан Мицкоски просечната производствена цена на 1 мегават час струја во РЕК Битола беше 33 евра, сега истата е 133 евра за мегават час.
Зошто е тоа така?
Ако ја погледнеме статистиката ќе видиме дека во времето кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ производствената цена на струјата била пониска за над 25% од таа пред тоа.
А што се случува потоа? Цената од година во година расте за во 2023 година да достигне 103 евра за мегават час, а во 2024 година 133 евра за мегават час.
Растот на цената е причинет од не копањето на сопствен јаглен, и скапиот увозен јаглен.
Бизнис интересот на СДС и ДУИ сега го плаќаме сите ние.
Цената на произведен мегават час струја може да се намали и веќе раководството на ЕСМ работи на тоа. Последиците кои СДС и ДУИ ги причинија уште некое време ќе се чувствуваат.
Набргу од денес ЕСМ ќе биде целосно консолидирана и вратена во нормала, а производствената струја повторно ќе биде по далеку пониски цени од времето на СДС и ДУИ.