Македонија

Петар Мирчески оди во Шутка – одреден му е триесетдневен притвор 

Поранешниот директор На Секторот за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески оди во Шутка откако судија на претходна постапка по предлог на јавниот обвинител му одреди триесетдневен притвор, додека на бизнисменот, sопственик на рент-а-кар сервисот ВИП кој е опфатен со истрагата му се определени мерки за претпазливост.

-Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците. Воедно прифатен и предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање на живеалиште
односно престојувалиште, обврска да се јавува во судот, забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет – соопшти Кривичниот суд.

Ексдиректорот на СОЗР е осомничен за вкупно четири кривични дела, соопшти претходно Финансиската полиција, која поднесе кривична пријава против Мирчески и сопственикот на фирмата кој наводно му дал поткуп на поранешниот директор.

-Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 1 јануари 2022 заклучно со 13 јуни 2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авиобилети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата и го сторил кривичното дело проневера во службата – велат од Финансиската полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons