Актуелно

Пензионери излегоа на протест пред Собранието, барањата се исти, бараат и бесплатно здравство 

Пет илјади денари линеарно за сите пензионери, минималната пензија да изнесува 18 илјади денари и бесплатни здравствени услуги за пензионерите, побараа пензионерите кои излегоа денеска на протест пред Собранието на Македонија. Тие на власта ѝ порачаа дека антикризните мерки на Владата кои се насочени кон нив ги оценуваат како предизборен поткуп и нагласија дека не отстапуваат од своите барања кои повеќе месеци ги повторуваат.

Пензионерот Орце Давитков, кој е член на Иницијативниот одбор, при Здружение на пензионери „За достоинствен живот“ од Кочани, во изјава за медиуми рече дека нивните барања се, по пет илјади денари линеарно и 18 илјади денари минимална пензија, жените над 62 и мажите над 64 години да не плаќаат ништо во здравството, да бидат ослободени од партиципација. ж

Треба власта да мисли на пензионерите и да ни овозможи последните денови од животот да ги поминеме достоинствено, рече Давитков.

Тој нагласи дека револтот постојано се зголемува и дека затоа денеска дојдоа на протест и дека своите барања ги поднесоа во Собранието на Македонија.

Моне Горгиев од Кочани, секретар на Здружението, рече дека една политичка партија им искажала јавна поддршка со ветување, како што додаде, дека најбрзо, штом ќе дојдат на власт, ќе бидат решени проблемите на пензионерите. 

„Пензијата не стасуа за трошиците на живот. За друго да не зборуваме, а пак за бањско лекување,  теоретски шанси нема. Пензионерот е доведен до работ на егзистенцијата, нагласи Горгиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons