Свет

Папата Лав XIV повика на дијалог за мир: Оружјето мора да замолчи 

За време на денешното обраќање пред католичките бискупи на Блискиот Исток, папата Лав XIV нагласи дека „Светата столица е подготвена да посредува за да можат непријателите да се сретнат“.

„Ќе вложам секаков можен напор. На одговорните им велам: ајде да се сретнеме“, додаде новиот папа кој доаѓа од САД.

„Подготвени сме да посредуваме за непријателите да можат да се сретнат и да се погледнат во очи, за да можат луѓето да ја добијат назад надежта и достоинството што ги заслужуваат, достоинството на мирот. Народите сакаат мир и јас, со рака на срце, им велам на водачите на народите: ајде да се сретнеме, да започнеме дијалог и преговори“, нагласи папата Лав XIV.

„Војната никогаш не е неизбежна. Оружјето може и мора да биде замолчено бидејќи не ги решава проблемите, туку ги зголемува“, додаде новиот Поглавар на Римокатоличката црква.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons