Пановски: Состојбата дозволува да ги тргнеме маските!
Комисијата за заразни болести денеска предложи да се укинат маските во затворено освен за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз.
Микробиологот Никола Пановски за „Фокус“ порача дека ја поддржува оваа предложена мерка.
„Сметам дека епидемолошката состојба во Македонија го дозволува овој потег и согласен сум со предлогот.Бројот на заразени на корона вирус овој период не е важен, кога има само 70 хоспитализирани и нула до три починати дневно, вели Пановски за „Фокус“.
Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535.