Спорт

Пандев го замолчи Милевски по изгубениот меч против Бугарија – еве што му порача преку директна порака на Инстаграм (ФОТО)

Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев преку социјалните својот Инстаграм му испрати порака на селекторот Благоја Милевски во врска со синоќешниот пораз од Бугарија (0:1).

Во објавениот пост Пандев стави три емотикони кои означуваат „замолчи“.

Не е јасно дали пораката на Пандев е несогласување со изјавата на Милевски дека македонската репрезентација играше добро во ова издание на Лигата на нации, или можеби е „погоден“ од зборовите на селекторот искажани синоќа на прес-конференцијата дека „црвено-жолтите“ пласманот на претходното Европско првенство го изборија со полесни ривали во Д-сегменот, а не низ евро-квалификациите.

Македонската репрезентација Лигата на нации 2022 ја заврши на третото место во четвртата група со биланс од две победи, три пораза и еден нерешен резултат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons