Магазин

Пак ќе врне снег, синоптичарите открија кога можеме да го очекуваме 

И во следните три дена ќе продолжи периодот на стабилно и суво, но релативно студено време, на повеќе места со негативни утрински температури, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Дневните температури ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. 

Утре во некои котлини ќе има услови за појава на магла. Најниската температура во текот на утрешниот ден се очекува да достигне минус шест степени. Се очекува максимална температура од околу 11 степени, во Гевгелија и на крајниот југ на земјата. 

Во Скопје во текот на утрешниот ден се прогнозира температурата да достигне максимално осум степени.

Кон средината на следната седмица, според синоптичарите, се очекуваат локални врнежи, кои претежно ќе бидат од снег.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons