МакедонијаНајновоПолитика

Пазарџиската политика на СДС ја уништи економијата и осиромаши народот, граѓаните добија партнер во владата на  ВМРО-ДПМНЕ која креира мерки и политики кои даваат резултати за економска стабилност на долг рок 

СДС да не ја потценува интелегенцијата на народот, нивната пазарџиска политика ја уништи економијата и осиромаши народот.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 5 месеци  е фокусирана да го надомести она што е пропуштено од страна на СДС и ДУИ во изминатите 7 години во економијата.

Планот на ВМРО-ДПМНЕ е да се насочи кон структурни решенија кои ќе водат кон стабилност на долгорочен план. 

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е подобар животен стандард за сите граѓани и инвестиции.

Економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа која ја предизвика СДС, благодарение на мерките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. 

Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.

Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните.

Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија.

Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоците за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари.

Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дека реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%.

На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.

ВМРО-ДПМНЕ прави уште еден чекор во насока на зајакнување на економската стабилност и поддршка на потрошувачката моќ на граѓаните во пресрет на празничниот период.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изготви новогодишна потрошувачка кошничка, во која се вклучени прецизно дефинирани производи и цени, врз основа на успешноста на есенската потрошувачка кошничка.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons