ПАДНА УШТЕ ЕДЕН ВОДАЧ НА ХАМАС: Бил одговорен за масакрот на седми октомври

Израелските одбранбени сили (ИДФ) тврдат дека го убиле командантот на Хамас Насим Абу Аин, командантот на баталјонот Беир Лахиа на Хамас, за кој тврдат дека „го режирал масакрот на 7 октомври во Кибуц Ерез и Мошав Нетив Хасар“.

„Тој, исто така, учествуваше во развојот на дронови и параглајдери за Хамас“, соопшти ИД.

„Неговата елиминација значително им штети на напорите на терористичката организација Хамас да ги попречи копнените активности на ИД“, се заклучува во соопштението.

Да потсетиме дека борците на Хамас убија стотици Израелци додека дивееја низ јужниот дел на земјата на 7 октомври и заробија повеќе од 200 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons