Актуелно

ОЈО: Три лица осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици во Кавадарци 

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда со смртни последици, согласно член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, од кои двајца се на возраст од 27 години и еден 35-годишник, на 27 август околу 5 часот наутро, имале вербална расправија со оштетениот во казино во Кавадарци.

„Потоа излегле надвор, физички го нападнале и го удирале со тупаници и клоци по целото тело и глава. Оштетениот се обидел да влезе во казиното, но изгубил свест. Со ударите му нанеле повеќе тешки телесни повреди од кои починал. Во текот на истражната постапка ќе бидат обезбедени сите докази и ќе се врши психијатриско вештачење на осомничените, па доколку се утврди дека кај нив постоела свест и намера да го лишат од живот оштетениот, можна е преквалификација на делото во убиство. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе и предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, особено имајќи ја предвид опасноста од бегство. На ова укажува и нивното однесување веднаш по настанот, бидејќи тие се оддалечиле од местото и не се пријавиле самите во полиција. Наместо тоа, отишле заедно во стан на едниот од осомничените“, велат од ОЈО.

Од тие причини јавниот обвинител оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и обезбедување на сите докази.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons