ОЈО: Издадени се наредби за идентификација на инволвираните во престрелката кај Бит пазар
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, информираат од ЈО.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар, информираат од ЈО.
Од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот.