МакедонијаНајново

Охриѓанец признал во полиција дека го запалил глисерот на неговиот брат 

Ноќеска 3 часа по полноќ полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул. Даме Груев во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило мерцедес со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons