Охридските нуркачи го „запалија“ василичарскиот оган под вода
Нуркачите од нуркачкиот центар Амфора од Охрид, традиционално кај Музејот на вода го „запалија“ василичарскиот оган под вода и ја најавија Старата нова година.
Со ова охридските нуркачи на православните христијани им ја честитаат Старата нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата на празнувањето на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите во Охрид.