Македонија

ОФИЦИЈАЛНО: Уште еден партнер од власта заминува во опозиција, се ситни мнозинството во парламентот

Уште еден партнер од власта заминува во опозиција, се ситни мнозинството во парламентот

Одлуката за ваквиот чекор, како што рече Трајанов, е неисполнување на програмските цели утврдени и усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година

Демократскиот сојуз, по седницата на Претседателството и Централниот совет, донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и да го напушти парламентарното мнозинство, соопшти на прес-конференција партискиот лидер Павле Трајанов. Одлуката за ваквиот чекор, како што рече Трајанов, е неисполнување на програмските цели утврдени и усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година.

„Централниот совет заклучи дека ниту една од нашите програмски цели дефинирани низ нашите партиски органи и тела кои беа усогласени со СДСМ пред изборите во 2020 година, но и пред формирањето на оваа влада, не е имплементирана. Имавме договор Македонија да биде една изборна единица, односно да се направат системски реформи во изборните правила. Беше подготвен закон кој помина на собраниските комисии за политички систем и законодавна-правната, но тој сега е блокиран бидејќи спикерот Талат Џафери не ја закажува седницата за овие законски промени. Тоа беше нашата главна определба“,

рече Трајанов.

Тој додаде дека не биле исполнети уште две важни програмски цели, а тоа се реформите во судскиот ситем и борбата против корупцијата.

„Баравме реформи во судскиот систем преку ревизија на работата на секој судија и утврдување на неговата имотна состојба. Имавме подготвено закон за преиспитување на факти и докази користени во судски процеси. Овој закон ги помина матичните комисии и сега е блокиран, односно не се става на пленарна седница. Што се однесува до борбата против корупцијата, баравме да има посериозен пристап ии силна волја на сите партии. Предложивме формирање на агенција за борба против тешки облици на организиран криминал и корупција. И за овој проект немаме поддршка. Има и други работи, предлагаме да се формира фонд, два отсто од буџетот за бизниси на младите и секој студент, штом ќе дипломира, да се вработи во јавниот или приватниот сектор на сметка на буџетот година дена. Ова е мерка која се применува во Канада и сметаме дека со неа ќе се задржат младите да не заминуваат од Македонија. Но и за тоа немаме поддршка“,

изјави Трајанов.

Врз основа на целокупната анлаиза, додаде тој, донесовме одлука – Демократксиот сојуз нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство.

„И натаму ќе ги поддржуваме сите проекти кои значат имплементација на европските стандарди и натаму сме за членство во Европската Унија. За нас се крајно ннеприфатливи тезите за поделби на партиите и граѓаните, за наводно формирање сојуз за Европа и сите други кои не се во тој сојуз дека се против ЕУ. Наша цврста определба останува и понатаму Македонија да биде дел од ЕУ. Ќе бидеме кооперативни за сите проекти за добро на граѓаните и ќе ги поддржуваме и штитиме нашите витални интереси“,

рече лидерот на ДС, додаваајќи дека нема потреба за посебен политички субјект ако постојано ги прифаќате ставовите на постариот брат.

Трајанов претходно преку писмо до премиерот Димитар Ковачевски побара да ги види програмските определби на Алијанса за Албанците (АА) пред да донесе конечна одлука дали ќе ја поддржи владината реконструкција.

Трајанов сака да ја види програмата на Таравари пред да одлучи дали ќе го прифати за владин партнер

https://360stepeni.mk/trajanov-saka-da-ja-vidi-programata-na-taravari-pred-da-odluchi-dali-ke-go-prifati-za-vladin-partner/embed/#?secret=42dNImnvb2#?secret=Xg33uIWgE2

„Освен персоналниот состав на Владата, за Демократскиот сојуз и пошироко за јавноста се клучни програмските определби, поради што бараме со програмските барања на АА да се информираат партиите и јавноста. Инаку, не сме подготвени да поддржиме нов партнер во Владата доколку се заканува со дестабилизација, радикализација и реорганизација на Македонија, делејќи ги граѓаните по етничка основа околу најавените уставни промени“,

му напиша Трајанов на Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons