Спорт

Официјално: Реал Мадрид потврди, Чаби Алонсо е нивниот нов тренер 

Тоа што се очекуваше од денеска е и официјално, шпанскиот стратег, Чаби Алонсо се враќа во Реал Мадрид, овојпат во улога на тренер.

Реал Мадрид откако вчера се раздели со Анчелоти, денеска го назначува Алонсо за нов тренер.

„Реал Мадрид соопштува дека Чаби Алонсо ќе биде тренер на клубот во наредните три сезони, од 1 јуни 2025 до 30 јуни 2028“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Тоа значи дека Алонсо ќе го води тимот и на Светското клупско првенство.

Алонсо како фудбалер играше пет сезони за Реал Мадрид, има 236 настапи за клубот од 2009 до 2014 година.

Ова за Шпанецот ќе биде најголемиот тренерски предизвик.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons