Официјално: Манчестер Јунајтед му го продолжи договорот на Хари Мегваер
Манчестер Јунајтед ќе ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Хари Мегваер.
Искусниот стопер ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона, откако клубот ја искористи опцијата да го задржи во своите редови. Мегваер имаше актуелен договор до крајот на оваа сезона, меѓутоа истиот е продолжен по желба на клубот до јуни 2026 година.
Мегваер досега има 222 настапи за „црвените ѓаволи“, постигна 12 гола и крена два Куп-трофеи.
31-годишникот во 2019 година пристигна во Манчестер Јунајтед, а оттогаш имаше променлив пат во клубот. Тој често беше мета на критики на навивачите, но полека почна да се стабилизира.