Спорт

Официјално: Македонскиот селектор стана тренер на најтрофејниот полски клуб! 

Актуелниот селектор на машката кошаркарска репрезнтација на Македонија, Александар Јончевски, е нов тренер на полскиот клуб Шљонск Вроцлав. Договорот е со важност до крајот на сезонава, со можност за продолжување за уште една.

Тимот од Вроцлав кој со 18 титули е најтрофеен клуб во полската кошарка, го отпушти тренерот Миодраг Рајковиќ и на следниот меч на 6-ти декември на нивната клупа ќе седи Јончевски.

Инаку, на клупата на Шљонск има седено и Емил Рајковиќ, во периодот од 2014 до 2016 година, па во клубот имаат доверба во македонски стручњаци. За Јончевски ова е прв ангажман надвор од балканските простори, досега тој бил тренер само на сениорски тимови од Македонија, Србија и Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons