Официјално: Бразил го отпушти селекторот Доривал
Фудбалскиот федерација на Бразил вечерва го отпушти селекторот Доривал Жуниор и во наредниот период ќе назначи негов наследник.
Отказот за Доривал доаѓа по дебаклот од големиот ривал Аргентина во квалификациите за Светското првенство. Аргентина во тој натпревар играше без Лионел Меси и успеа да слави победа од 4-1 што беше премногу за луѓето во федерацијата.
„Фудбалската федерација на Бразил може да потврди дека Доривал Жуниор повеќе нема да биде селектор на репрезентацијата. Му се заблагодаруваме за неговата професионалност и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението од федерацијата.
Голема желба за негов наследник на федерацијата е тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сепак јасно е дека Италијанецот е тешка мета.