МакедонијаНајново

Откриени повеќе неправилности кај маркетите, наредна недела ќе има казни, а можно е и затворање на некои објекти

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес од Прилеп посочи дека тимовите на Пазарниот инспекторат констатирале повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети.

На теренот се 50-тина тимови на Пазарниот инспекторат. Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. Констатирани се повеќе неправилности. Има неправилности во однос на означување на намалените производи, при утврдувањето на маржите, на цените, во сметководствената евиденција. Наредната недела ќе има изрекување казни за најнедисциплинираните, а не е исклучено некои маркети да бидат и затворени, што е една од најновите мерки во Законот за трговија, истакна Ристески.

Идната недела, Инспекторатот ќе ги контролира сите дистрибутери и поголемите увозници во земјава. Комисијата за заштита на конкуренцијата работи на прибирање докази за најавата на таканаречено „картелско здружување“.

„Комисијата за заштита на конкуренцијата стручно си ја извршува работата и доколку утврдат такво здружување, ќе има казни предвидени со Законот за заштита на потрошувачите“, рече Ристески.

Ристески очекува владините мерки да дадат резултати.

„Мерките и одлуките се донесени за да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Со мерките се опфатени 102 групи производи или околу1 200 производи. Трговците мора да се научат да бидат дисциплинирани, да ги почитуваат мерките наменети се граѓаните. Како Министерство за економија и труд и како државна Пазарна инспекција онаму каде ќе откриеме недоследности на одлуките со кои се повредени правата на граѓаните, ќе бидат ригорозно казнети, нагласи Ристески.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons