Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница
Пазарниот инспекторат го скрои извештајот – кај маркетите забележани се маржи на основните производи од 5 до 20%. Кај другите продукти, маржите оделе од 25, па до над 35 отсто. Кај увозниците, односно дистрибутерите маржите се движеле од 20 до над 40%. Направена била конторла на над 700 продажни места, меѓу нив и 10 големи ланци маркети. Проверени се бројки за период од септември до крајот на јануари. Извештајот ќе се разгледува на утрешната владина седница, по која ќе се знае дали ќе се преземат интервентни мерки.
Во наредниот период инспекторите ќе ги чешлаат месната и млечната индустрија.
Поради високите цени, граѓаните двапати ги бојкотираа маркетите, а од сојузот на стопански комори кажаа дека виновни за поскапувањето се производителите и дистрибутерите поради повиоските ценовници.