Спорт

Откако примија гол во 124-та минута, сега бараат нешто за кое НЕ ПОСТОИ ТАКВА ШАНСА!

– Алжирската фудбалска федерација достави барање до УЕФА да се преигра реванш натпреварот од мундијалските квалификации против Камерун, наведувајќи оти лошото судење влијаело на нивниот пораз.

Алжир на првиот натпревар на гостински терен победи со 1-0, но во реваншот пред своите гледачи загуби во вторникот со 2-1 и остана без пласман на Светското првенство во Катар.

Победничкиот гол за Камерун го постигна Карл Токо Екамби во 124 минута, откако главниот судија Бакару Гасама од Гамбија претходно поништи два гола на алжирската репрезентација.

Претседателот на Алжирската федерација Шараф – Един Амара поднесе оставка поради неуспехот во мундијалските квалификации.

Алжир сега бара ФИФА да наложи да се преигра решавачкиот натпревар против Камерун за што не постои шанса, бидејќи жрепката за групната фаза е закажана за вечерва.

Од Африка на Светското првенство во Катар се пласираа Гана, Сенегал, Тунис, Мароко и Камерун.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons