МакедонијаНајново

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата

8 членото семејство Благадушоски од селото Воѓани во општина Кривогаштани остана без покрив над главата и без се што печалеле во текот на целиот живот, откако во пожар буквално до темел им изгоре нивниот дом. Како доказ дека некогаш тука имало куќа се расфрлените цигли низ дворот кои се уште не ги исфрлиле. Целосно им изгорел и тутун кој што не им предаден во вредност од над 10.000 евра. Дека гори нивната куќа им кажал соседот, кој забележал оган, во тој момент Благадушоски биле во помошната просторија. Претпоставуваат дека пожарот потекнува од старата инсталација. 

„Во моментот на пожарот бевме во помошната просторија, среќа што не бевме легнати, ако бевме легнати може и ние ќе изгоревме. Цела покуќнина ни изгоре и тутунот“, вели Јулијана Благадушоска, сопственик на куќата.

„Ми се јавија на телефон еден колега, за да не ме исплаши ми рече нешто има проблем кај вас дома е подизгорено не многу. А јас прашав само дали се здрави и живи луѓето, ништо друго“,кажа Дејан Благадушески, сопственик на куќата.

Во моментов спијат кој каде ќе стигне, по пријатели и роднини. Во февруари семејството Благадушоски ќе брои 9 члена. Во моментов бремена е сопругата на еден ос синовите од Благадушоска. Семејството е благодарно за целата

„Секаква помош нудат луѓето, од облека, храна носат, постелнини, се ни даваат. Со парични средства помагаат“, додаде Јулијана Благадушоска, сопственик на куќата.

„Фала му на сите, луѓето помагаат, премногу сум благодарен на месното население, и од селото и другите околни села. Се уште постојат луѓе со добра душа, се уште има живот и верба во луѓето. Кој можи колку и да помогни ние ќе бидеме благодарни, плус и зима е. И здрави и живи да сме само, дури има луѓе се ќе има“, потенцираше Дејан Благадушески, сопственик на куќата.

Помош им донесоа и од Солузот на тутунски здруженија на Македонија.

„Апел до сите тутунопроизводители и до сите откупувачи да помогнат онолку колку што можат за може ова семејство да дојде до сопствен дом“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија на Македонија.

Апел за помош упатуваат и од Општина Кривогаштани, од каде исто така ветија дека ќе им помогнат на Благадушоски. Секој што сака да му помогне на семејството тоа може да го направи со донација ова оваа жиро сметка.

Име и презиме на примачот: Јане Благадушоски, с. Воѓани, ул. „Најдо Најдоски“ бр. 149

Број на трансакциска сметка: 270700006540756

Банка: Халк Банка АД Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons