МакедонијаНајново

Основачите на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград: Се уриваат темелните вредности на ЕУ

Правото на здружување е фундаментално право втемелено во членот 2 од Договорот на ЕУ и е едно од темелните вредности на Европската Унија. Со вчерашната одлука на Советот на Град Благоевград, се уриваат темелните вредности на Европската Унија. Ова е резултатот од потпишаниот договор за добрососедство со Република Бугарија, бугарски одлуки со кои се уриваат темелните вредности на ЕУ која не реагира на истите, се вели во реакцијата на членовите на забранетото здружение Македонски клуб за етничка толеранција по синоќешниот состанок.

Вчера Советот на Благоевград одлучи да ја забрани регистрацијата на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ со квалификациите дека македонската нација е вештачкам, а Вапцаров Бугарин.

Членовите на Македонскиот клуб за етничка толеранција, основачи на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, синоќа одржаа седница и го разгледаа писмото добиено од Комисијата за заштита на дискриминација на Република Бугарија. Тие велат дека ќе продолжат со собирање во просториите на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград сѐ до негово затворање, ако воопшто тоа се случи.

Организацијата Нов АСНОМ целосно го подржува клубот „Никола Вапцаров“ во неговите напори Македонците од Бугарија да се здружуваат во здруженија.

„И ние и Македонскиот клуб за етничка толерација од Благоевград преземаме конкретни чекори со кои ги промовираме и браниме европските темелни вредности. Наскоро ќе информираме за конкретните чекори кои се преземени заедно со забранетото здружение Македонски клуб за етничка толераницја кои, доколку се следи правото на ЕУ, ќе имаат далекусежни можни последици врз Република Бугарија“, велат од Нов АСНОМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons