Актуелно

Ординациите на матичните лекари и аптеките полни со пациенти 

Респираторните инфекции во пораст. Ординациите на матичните лекари и аптеките полни со пациенти.

На клиниката Козле дневно имаат и до 200 прегледи, а хоспитализирани поради компликации се 70 деца. Најголем дел се доенчиња и деца до 5 години.

Од клиниката велат дека и покрај порастот на пациенти, болницата е екипирана и има слободни места. 

Од Комисијата за заштита од заразни болести веќе информираа дека состојбата се следи, но дека засега нема простор за паника и мерки не се предвидени. Според епидемиолозите пикот на грипот се очекува идниот месец.

Доктор Бојан Трајковски претходно апелираше дека не треба да се крева паника поради порасот на заболени од грип, настинки, вирози…Предупредува дека пикот доаѓа во февруари.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons