Свет

ОН: 170.000 тони хуманитарна помош чекаат дозвола за влез во Појасот Газа

Штом израелските власти што го контролираат пристапот до воената зона дадат зелено светло, оваа помош може да биде доставена до оние на кои им е најпотребна, рече портпаролот. Помошта вклучува храна, лекови, шатори и друга итна поддршка.

Околу 170.000 тони хуманитарна помош се подготвени и чекаат дозвола за испорака во Појасот Газа, изјави денеска портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (OCHA) во Женева, по објавата за првиот договор за прекин на борбите.

– Штом израелските власти што го контролираат пристапот до воената зона дадат зелено светло, оваа помош може да биде доставена до оние на кои им е најпотребна, рече портпаролот. Помошта вклучува храна, лекови, шатори и друга итна поддршка.

Според OCHA, израелските власти досега не одобриле или блокирале 45 проценти од регистрираните конвои со помош од почетокот на војната во октомври 2023 година.

За снабдување на цивилното население, OCHA бара отворање на граничните премини, гаранции за безбедно движење на хуманитарците и цивилите, визи за странски персонал и непречен влез на помошта.

Портпаролот истакна и дека приватниот сектор во Појасот Газа мора што побргу да се обнови.

Вчера, Израел и Хамас се согласија на првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.

Покрај враќањето на заложниците и ослободувањето на палестински затвореници, Хамас соопшти дека договорот предвидува крај на војната, повлекување на израелските сили од Газа и дозвола за влез на хуманитарна помош во блокираниот појас.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons