Околу 7000 работници фалат на охридско – струшката ривиера и оваа сезона
Масовна побарувачка на работници во хотелите и останатите угостителски објекти на охридско-струшката ривиера, пред почетокот на туристичката сезона. Проценките се дека се потребни меѓу 5.000 и 7.000. Нема објект, кој нема потреба од кадар. Во Центарот за вработување во Струга дневно стигнуваат и по неколку вакви барања од сопствениците на објекти.Се очекува таа бројка да се зголемува уште повеќе во месеците мај и јуни.
„Што се однесува до барањата од работодавачите во секторот на хотелиерство и угостителство, во моментот имаме од 30 до 70 барања за вработување на келнери, шанкери, готвачи, помошници готвачи, држувачи на хигиена, одржувачи на паркови и зеленило во хотелските сместувања, со тоа што до мај месец таа бројка уште повеќе ќе се зголемува“, рече Елвадина Дика -директорка на Центар за вработување.
Дика објаснува дека иaко има интерес за вработување на работници од трети држави, тој број годинава ќе биде многу помал во однос на лани. Минатото лето добар дел од оние работници од Непал, Бангладеш, Филипини кои работеа покрај Охридското Езеро, преку ноќ си заминуваа во Европа,а земјава ја користеа само како попатна рута. Но затоа се поголем е бројот на барањата за ангажирање на средношколци и пензионери.
„Што се одесува до барањата на работодавачите за лица кои што имаат средно образование 18 години, во последно врем е зголемена побарувачката за нив, со тоа што тие не се квалификувани и се вработуваат со помала плата, односно со минимална плата“, рече Елвадина Дика -директорка на Центар за вработување .
И угостителите велат дека носењето на работна сила од надвор минатото лето не ги дало очекуваните резултати.Во објектот на Муса Рашид во Охрид лани работеа 11 работници од Непал, сега останати се само четворица.
„Не го даде ефектот бидејки таа релација што беше, примавме луѓе од тој дел на светот, но тие не користеа нас да префрлат други граници и тоа не го даде ефектот. И поради тоа ние пак ќе мора да се насочиме на нашите луѓе, да ги зголемиме платите, владата да ни даде услови за субвенции за да можеме да ги задржиме нашите работници, кои ни се тука“, рече Муса Рашид-сопственик на хотел во Охрид .
Угостителите велат дека дополнителен проблем се и долгите и сложени процедури за носење работници од надвор, поради што чекаат и по неколку месеци за да ги донесат во земјата. Иако се бара работник повеќе, до нив тешко се стигнува, затоа што иљадници млади луѓе, па дури и цели семејства и ова лето ќе работат во најголем број на хрватското приморје, каде платите се за два до трипати поголеми од македонските во секторот туризам./Алсат.мк