Спорт

Оклахома го освои Западот и прва се пласира во големото НБА финале  

Оклахома со 124-94 го совлада тимот на Минесота и ја доби серијата со 4-1 освојувајќи ја западната конференција и обезбедувајќи пласман во големото финал.

Победникот на мечот беше решен уште во првото полувреме кое ѝ припадна на Оклахома со 65-32. Во вториот дел Минесота одигра подобро, но тоа беше доволно само за да се избегне уште поголем дебакл. Конечниот резултат гласеше 124-94.

Шеј Гилџес Александер уште еднаш потврди дека апсолутно заслужено е МВП на сезоната, ја предводеше Оклахома со 34 поени, 8 асистенции и 7 скока, а се истакна и Холмгрен со 22 поена и 7 скока. Кај Минесота, Рендл беше најефикасен со 24 поени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons