МакедонијаНајново

Од 72 претставки, Судскиот совет одлучи дека три се основани, три ги повлече

Судскиот совет на Република Македонија денеска на седница расправаше по повеќе точки од дневниот ред, меѓу кои и за 72 претставки и поплаки поднесени од граѓани и правни лица за работата на судиите, претседателите на судовите и самите судови.

Советот за три претставки и поплаки против судии и судови одлучи дека се основани, три ги повлече, а за останатите констатираше дека се неосновани.

Дополнително, во продолжение на седницата која ја затворија за јавноста, членовите на Судскиот совет треба да формираат и комисија на известители по поднесени барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons