Македонија

Од 1 јули можно е враќање на дневната евтина струја 

Граѓаните од 1 јули годинава можно е повторно да имаат можност да користат евтина дневна тарифа за електрична енергија. Ваквата одлука се разгледува затоа што, како што вели министерот за економија Крешник Бектеши, во земјата има зголемно производство на електрична енергија од обновливи извори.


„Пиковите од обновливите извори на енергија главно се преку ден и би можеле да имаме вишоци на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври. Затоа со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава“, посочува Бектеши.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons