МакедонијаНајново

Од следната недела поскапува лебот, еве за колку 

Од септември ново поскапување на лебот – ако не помогне државата. Високите цени на пченицата на светските берзи, по излегување на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, притискаат за пораст на цената, велат од пекарската индустрија. Затоа бараат државата да ги заштити граѓаните од нови поскапувања и да го помогне бизнисот.

Од крајот на јули по излегување на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, цените на берзите се зголемија за 10 до 15%. Исто така и покачувањето на млечните и месни производи има удел, затоа што и овие продукти партиципираат во пекарската индустрија. Внимателно се следи ситуацијата и секој прозиводител утврдува дали ќе ги покачи цените или ќе продава по исти цени, изјави Горан Ѓоргиевски, претседател на Агро бизнис комората.

Оваа недела по нови повисоки цени се продаваат дел од млечните производи. Поскапи и месото, а по одмрзнатите маржи по повисоки цени се продаваат и овошјето и зеленчукот. Бизнисот апелира – економија, а не политиката да биде фокус на власта.

Државата мора да има сценарија за помош. До сега не беа направени квалитетни мерки за заштита на потрошувачите и бизнисот. Крајно сме изложени на влијанието на берзите.Сепак, мислам дека има простор за квалитетни одлуки во периодот кој доаѓа, додава Ѓорѓиевски.

Повисоки цена од следниот месец ќе имаат и околу 1,000 производи кои државата ги смета за луксуз. Кои се тие – се уште не се открива. Но, министерот за економија вети дека ако има потреба – власта со нов пакет мерки ќе им помогне на граѓаните. Дали ќе има замрзнати цени или замрзанити маржи, не се открива.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons