Актуелно

Од септември се очекува колапс на јавниот сообраќај во Скопје, нема доволно автобуси ниту за постоечкиот возен ред 

Веќе трета година како Данела Арсовска е градоначалник на Скопје и исто толку дого скопјани се соочуваат со проблеми во јавниот превоз, чекаат со часови на постојките и на минусни темератури и на плус 40, автобусите често се запалуваат и праваат сообраќајни незгоди бидејќи не се сервисираат редовно.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не го гласаат проектот за Брз рапид транспорт за кој плаќаме и пенали, а не гласаат и посебна набавка на нови автобуси, од септември се очекува тотален колапс поради недостаток на автобуси. Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, истакнува дека состојбата е критична, со само 190 активни автобуси, што не е доволно за да се покрие летниот возен ред.

Не очекува месец септември кога започнува и учебната година, а и треба да се зголеми фрекфенциијата на автобуси според зимскиот возен ред, што ќе биде навистина тешко изводливо со оглед на тоа што дури и сега има помалку автобуси како што тврди директорот на Јавното сообраќајно претпријатие.

Во моментов по возен ред треба да имаме околу 234 автобуси, ние располагаме во моментов иако тоа на дневна основа се менува, но околу 190 автобуси. Се надевам дека институциите ќе најдат сили и снага да му помогнат на ЈСП и ние со овој возен парк кој што располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот возен ред“, вели Драги Кушовски.

Кушовски, тврди дека сите автобуси кои се на патиштата се технички исправни и редовно поминуваат технички прегледи на секои шест месеци. И покрај тоа, тој истакнува дека возниот парк е стар повеќе од 13 години, што значи дека дефекти може да се случат во секое време.

Извор: racin.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons