Од полноќ поскапува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 10.7.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,854%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,754% или за 34,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,019% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,315%. Поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,588 %.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, Мазутот М-1 НС и Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 15.7.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 82,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 72,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,784 (денари/килограм)