Спорт

Од мечот Лихтенштајн – Велс ќе зависи дали и со реми во Кардиф можеме да бидеме втори 

Македонија синоќа ги загуби шансите за прво место во групата и директен пласман на Светско првенство, па ни остана борбата со Велс за второто место.

Белгија ќе ги заврши квалификациите на првото место, а Македонија и Велс во меѓусебниот дуел во Кардиф во последното коло ќе одлучуваат која ќе биде втора.

Македонија има три бода повеќе, но Велс има натпревар помалку, меч со Лихтенштајн на гостински терен.

Доколку го победат тој меч, што е многу извесно, бодовно ќе се изедначат со Македонија, па при евентуално реми на меѓусебниот дуел во Кардиф, гол разликата ќе одлучува.

Гол разликата во овој момент е на наша страна и тоа убедливо, ние имаме 12-3 (+9), тие имаат 13-10 (+3).

Велс треба да го победи Лихтенштајн со шест или повеќе голови разлика за да може и со реми против Македонија да дојде до второто место, доколку не се случи таков триумф, нам ќе ни одговара нерешен резултат во Кардиф.

Со победа таму ние ќе бидеме втори секако, а со пораз Велс.

Македонија секако има обезбедено бараж преку Лигата на нации, но важно е второто место во групата бидејќи на тој начин би имале полесна ждрепка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons