Од копно и воздух се гаснат пожарите на Огражден и Серта 

Копнените против пожарни екипи со подршка на авионите Ер трактор и полициски Хеликоптери делуваат на пожарите кои се во моментов активни на пет локации во земјава. Според Цук драгоцена помош за пожарникарите на земја е воздушната поддршка која по неколку месечната пауза заради пензионирањето на пилототе повторно се во функција. Ваквиот засилен фронт на делување од земја и од воздух придонел да се изгаснат опасните краци од активните пожари кои се заканувале да ги прошират пожарите.

Според ЦУК ангажираните против пожарни сили составени од вработени од јавни претпријатија, од здруженија и од мештани имаат делумна контрола врз големите пожари на отворено, односно успеваат при појава на опасен крак од пожарот што е опасен за населбите, да се групираат и да делуваат за да го локалилираат навреме без да има загрозување на човечките животи.

ЦУК информира дека имаше 26 пожари на отворено во последното деноноќие од кои 21 се изгасната а изутринава како активни се водат уште 5. Сеуште активен е пожарот на планината Серта во општина Неготино во атарот на село Калањево, како и оној кај струмичко Ново Село над село Бадилен близу границата со Бугарија. Во Гевгелија активен е пожарот помеѓу село Негориц и Кованец. Потоа активни пожари има и во општина Долнени над село Црнилиште како и оној во Штипскиот регион кај селата Драгоево и Селце.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons